Елмас: Сè уште сонувам Мундијал со Македонија, подготвен сум да играм и по 40-тата година

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не се откажува од својот најголем сон — настап на Светско првенство со македонската фудбалска репрезентација. Во опширно интервју за „Flashscore“, тој јасно порача дека оваа цел останува непроменета и дека е подготвен да игра дури и по својата 40-та година, доколку тоа е потребно за Македонија да стигне до Мундијалот. Елмас потсети дека досега настапувал на Европското првенство за играчи до 21 година во 2017 година, како и на Европското првенство во 2021 година, но дека токму Светското првенство претставува неговата крајна цел. „Отсекогаш ми бил сон да играм на Светско првенство со Македонија. Настапив на Европското првенство за играчи до 21 година во 2017 година, а потоа и на Европското првенство во 2021 година. Затоа Светското првенство е мојата крајна цел. Но, Македонија мора да продолжи да напредува од година во година“, изјави Елмас. Според него, патот до најголемото натпреварување не треба да се гледа преку ноќ, туку постепено. Тој смета дека македонската репрезентација прво треба да се насочи кон пласман на Европското првенство во 2028 година, а потоа да го направи и чекорот кон Светското првенство. „Не треба да мислиме само на Светското првенство. Прво треба да гледаме кон Европското првенство во 2028 година, а потоа ќе дојде и Светското. Сè додека сум здрав и можам да играм, ќе давам максимум. Мојата цел секогаш ќе биде настап на Европско и Светско првенство. Се надевам дека нема да ја завршам кариерата додека не се пласирам на Светско првенство, дури и ако тоа се случи по мојата 40-та година“, порача македонскиот репрезентативец. Во интервјуто Елмас зборуваше и за својата индивидуална форма и призна дека статистиката во моментов не е на нивото на кое сака да биде. „Сакам да одиграм цела сезона и да видам каде стојам статистички. Ако ги погледнете моите бројки, тие не се таму каде што треба да бидат. Тоа е единственото нешто што ми недостига. Статистиката ми е голем проблем. Ако го решам тој статистички проблем, луѓет

Елмас: Сè уште сонувам Мундијал со Македонија, подготвен сум да играм и по 40-тата година | FinPortal.mk

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не се откажува од својот најголем сон — настап на Светско првенство со македонската фудбалска репрезентација. Во опширно