Елмас: Не одам во пензија додека не играм на Светско првенство
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас во ексклузивно интервју за угледното издание Flashscore, чиј автор е Филип Мишов, отворено проговори за подемите и падовите во својата кариера, но и за своите амбиции. Во пресрет на својот 27-ми роденден, Елмас испрати јасна порака дека не планира да ја заврши кариерата додека не го оствари најголемиот сон — настап на Светско првенство со македонската репрезентација. По турбулентниот период во германскиот РБ Лајпциг, Елмас повторно е таму каде што се чувствува најдобро — во италијанската Серија А, овојпат во дресот на Аталанта. Со титули во Серија А, Копа Италија и Суперкупот, како и со соработка со тренерски великани како Анчелоти, Спалети, Конте и Сари, Елмас има биографија на која би позавиделе многумина, но неговата глад за успеси е далеку од згасната. Една од најинтересните теми во интервјуто беше неговиот трансфер во РБ Лајпциг, потег кој не се одвиваше според планираното. Македонскиот репрезентативец одигра само 297 минути во Бундеслигата, а сега за првпат открива што точно се случило зад кулисите. „Ова можеби никогаш не сум го кажал, но јас бев лично избран од Макс Еберл, сегашен директор на Баерн Минхен. Тој и уште еден директор дојдоа во мојот дом двапати. Тие инсистираа на мојот трансфер. Во тој момент, јас не бев играч кој го бараше тренерот Марко Розе, туку играч кој го сакаа директорите. Додека да пристигнам во Лајпциг, Макс веќе си замина во Баерн“, открива Елмас. Она што следело бил јасен сигнал дека работите нема да функционираат. „По првиот разговор со тренерот, се свртев кон мајка ми и ѝ реков: Слушај, ова може да испадне многу, многу полошо отколку што очекувам. Имав чувство дека новиот спортски директор не ме сака таму. Некои велеа дека немам квалитет за Бундеслигата, но тоа се само празни муабети. Ако не бев доволно добар за Лајпциг, немаше да можам да играм во Наполи покрај играчи како Де Брујне, Мектоминеј или Лоботка“, вели македонскиот фудбалер. Враќањето во Италија беше неминовно. Во интерв