Експерт: Поскапувањето на парното во Скопје е неминовно, гасот поскапе 211 отсто од почетокот на годината

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Цената на природниот гас деновиве бележи екстремен скок, а од почетокот на годината е повисока за 211 проценти. Само од почетокот на октомври до денеска, пак, природниот гас поскапел за дополнителни 36 проценти. Овие податоци ги изнесе енергетскиот експерт Митко Андреевски во вечерашната дебата во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма, пренесувајќи ја главната порака дека поскапувањето на топлинската енергија во главниот град е неизбежно. Според Андреевски, неминовно е дека цената на топлинската енергија во Скопје, од страна на регулаторот, мора да биде покачена. Тој објасни дека тоа ќе изврши притисок врз домаќинствата, но истовремено ќе врши притисок и врз енергетските политики што ќе ги носи владата. Експертот смета дека ваквиот развој на настаните со цената на гасот неминовно се пренесува и врз цената на парното греење, кое во Скопје во голема мера зависи токму од природниот гас. На прашањето дали Скопје треба да се откажува од парното поради зависноста од природниот гас, Андреевски одговори негативно. Тој нагласи дека во овој момент тоа е невозможно, бидејќи загадувањето се решава со топлинска енергија од централното греење во градот Скопје. Како втора причина ја наведе бројката на корисници, посочувајќи дека околу 60.000 домаќинства ја користат топлинската енергија. Експертот предупреди и на можните последици доколку дојде до прекин во испораката на топлинска енергија. Тој објасни дека при такви предуслови, тие 60.000 домаќинства би тргнале во загревање на сопствените домови со електрична енергија. „Е, тогаш станува катастрофата“, оцени Андреевски, укажувајќи дека ваквото сценарио би значело дополнително оптоварување на електроенергетскиот систем и дополнителни трошоци за граѓаните. Во однос на снабдувањето, Андреевски вели дека Македонија нема недостаток на гас. Сепак, тој отвори прашање зошто по 11 години се проверуваат гасоводите што се изградени. Тој конкретно ги наведе делниците Клечовце – Штип, Штип – Неготино и Неготино – Битола, за кои рече дека се започнати

Експерт: Поскапувањето на парното во Скопје е неминовно, гасот поскапе 211 отсто од почетокот на годината | FinPortal.mk

Цената на природниот гас деновиве бележи екстремен скок, а од почетокот на годината е повисока за 211 проценти. Само од почетокот на октомври до денеска, пак, п