Екологистите бараат од пратениците да ги поднесат нивните 17 амандмани за животната средина
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Еколошките здруженија поднесоа 17 амандмани на законот за животна средина, кој денеска треба да го разгледа Комисијата за транспорт, дигитална трансформација и животна средина во Собранието. Претставниците на здруженијата апелираа до пратениците, членови на Комисијата, да ги прифатат и самите да ги поднесат овие амандмани, за кои сметаат дека се клучни за да се обезбеди вистинско учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Според екологистите, неопходно е проектите да се оценуваат според јасни и еколошки критериуми, загадувањето и емисиите да не можат да се кријат, а заштитата на животната средина да не остане само на хартија. Тие особено се обратија до пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е член на Комисијата, но и координатор на Зелената парламентарна група. Еколошките здруженија велат дека оваа група немала ниту еден состанок откако е формирана. Тие апелираа ваков тип на предлог-измени на закони да се разгледуваат прво во Зелената парламентарна група, пред да дојдат до пратениците. Според нив, ваквиот пристап би обезбедил посериозно и постручно разгледување на предлозите кои се однесуваат на животната средина. Во предложените 17 амандмани, екологистите бараат реконструкцијата на постоечка инсталација од тешка и загадувачка индустрија на помалку од пет километри од населено или заштитено подрачје да може да се изврши само ако постои важечка А-интегрирана еколошка дозвола и ако се исполнети сите други законски обврски. Со овој амандман, како што објаснуваат, јасно се одделува кој може, а кој не може да изврши реконструкција, при што неактивни и напуштени инсталации на тешка индустрија нема да можат да се рестартираат под изговор дека станува збор за реконструкција. Екологистите бараат и елаборатите да се објавуваат пред да бидат одобрени, јавноста да има 15 дена за забелешки, а институцијата задолжително да ги разгледа и да образложи што прифатила или одбила. Засегнатите граѓани и еколошките здруженија, според предлогот, треба да имаат право на ж