Екологистите бараат Балканот да ги напушти гасните планови: ризик од милијарди евра за инфраструктура што нема да се исплати
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Граѓанските организации за заштита на животната средина од Западен Балкан побараа од владите во регионот да се откажат од плановите за изградба на нови гасоводи и гасни електрани и предвидените средства да ги пренасочат кон обновливи извори на енергија. Предупредувањето беше упатено од регионален состанок во Црна Гора, каде што еколозите оценија дека зависноста од увозен гас може да ги чини државите милијарди евра и да ги остави со инфраструктура која ќе стане финансиски неодржлива уште пред да се исплати. Според анализата на CEE Bankwatch Network и Beyond Fossil Fuels, доколку се реализираат планираните гасни проекти, годишниот капацитет за увоз на гас во Западен Балкан би се зголемил за 10,5 милијарди кубни метри. Тоа е повеќе од трипати над вкупната потрошувачка на гас во регионот во 2023 година. Организациите предупредуваат дека ваквите инвестиции би создале долгорочна зависност од скап увозен гас, во период кога Европската Унија се насочува кон намалување на употребата на фосилни горива. Посебно внимание во соопштението е посветено на Македонија, каде што покрај изградбата на гасниот интерконектор со Грција, се планираат и најмалку две дополнителни термоелектрани на гас. Според еколошките организации, изградбата на интерконекторот била најавена минатата година, иако постапката за експропријација сè уште не била завршена, а останале и нерешени правни прашања. Тие посочуваат дека планираните нови гасни капацитети ги надминуваат ограничувањата предвидени во важечките национални стратешки документи за енергетика и клима. Како дополнителен проблем еколозите го наведуваат меморандумот потпишан во 2025 година со турската компанија „Казанџи Холдинг“ за изградба на гасни постројки и дистрибутивни мрежи, за кој, како што тврдат, јавноста нема доволно информации. Организациите предупредуваат дека ваквите договори не смеат да бидат начин за заобиколување на домашното законодавство, јавните консултации и усвоените енергетски стратегии. Тие изразуваат загриженост и поради за