Екоактивистите од југоистокот поднесуваат над 200 приговори на просторниот план: во земјоделскиот регион рудници не смее да има

FinPortal.mk · 26.9.2026 г.

Реакциите по јавната расправа за Предлог-просторниот план на државата не стивнуваат, а екоактивистите од југоисточниот дел на Македонија најавуваат повеќе од 200 приговори на документот. Со нив, како што велат, ќе ги оспорат решенијата поврзани со минералните суровини и предвидувањето рудници во Југоисточниот плански регион. Од здружението „Здрава котлина“ објаснуваат дека забелешките ќе бидат од различни области — од технички и правни, до социјални и еколошки. Екоактивистите очекуваат од Агенцијата за просторно планирање на секој од аргументите да им одговори поединечно и мултидисциплинарно, бидејќи, како што велат, само така може да се види дали нивните забелешки се земени предвид. Активистот Танушев потсетува дека политичкиот момент е јасно дадената желба на граѓаните дека не сакаат рудници. Тој нагласува дека во сите општини во струмичко, сите совети едногласно донеле одлука да нема рудници, што, според него, е недвосмислен сигнал до институциите. „Ако десет години не се доволно да сфатат дека имаме проблеми ние со тоа во земјоделски крај, очигледно дека ќе мора да ги притиснеме работите многу повеќе на повисоко ниво за да некогаш некој сфати дека овде рудници не може да има, преопасно е“, вели Танушев. Тој додава дека сите ризици кои што таму се наведени се наведени и во документите, но во исто време нема решение за нив. Во фокусот на реакциите се и конкретни локации. Танушев ги издвојува проектите Иловица-Штука и Казандол, кои, според него, повторно се појавуваат во просторниот план и покрај претходните случувања околу нив. Особено прашање, вели тој, е како евентуалните рударски проекти би влијаеле врз земјоделството, водните ресурси и останатите активности во регионот. „Е сега бидејќи тие предлагаат да има рудници, тоа е експлицитно наведено, ќе мора да одговорат како ќе ги менаџираат тие ризици ама директно, бидејќи ако не одговорат ќе следуваат постапки за сите нив поединечно. Планот подразбира да мора да дадат образложение пред да предлагаат опасни проекти

Екоактивистите од југоистокот поднесуваат над 200 приговори на просторниот план: во земјоделскиот регион рудници не смее да има | FinPortal.mk

Реакциите по јавната расправа за Предлог-просторниот план на државата не стивнуваат, а екоактивистите од југоисточниот дел на Македонија најавуваат повеќе од 20