Еко-активисти со закани и притисок: „Рокот истече“ – бараат одземање на концесиите за бакар во Иловица
FinPortal.mk · 30.9.2026 г.
Дел од таканаречените еко-активисти, незадоволни што државата не постапила по нивните барања во рокот што самите го одредиле, продолжуваат со двосмислени пораки во кои се насетува и доза на закана. Тие бараа државата да ги одземе од инвеститорот концесиите за проектот за бакар во Иловица до 29 септември, но тоа не се случи, по што следуваа најави за нивниот „одговор“. Во објава на социјалните мрежи, во која се споменува и премиерот Христијан Мицкоски, активистот Крум Велков истакна дека е гневен и најави дека ќе следува неговиот одговор. Тој ја пренесе пораката што Георги Иванович Гурџиев ја добил од својот татко пред неговата смрт – советот дека ако некој во човекот предизвика гнев, треба да се повлече 24 часа, а откако ќе изминат, она што ќе го чувствува и мисли, со тоа да појде кај него. „Едно е сигурно: рокот истече“, напиша Велков. Според истражувачката мрежа Белингкет, Велков е активист кој е против проектот во Иловица и дава поддршка на невладината организација „Здрава котлина“, а со цел запирање на западните инвестиции во земјава. Овие активисти веќе одамна се познати по тоа што целат да нема развој на рударската индустрија во Македонија, нарекувајќи ги проектите „рудници на смртта“. Изминатиов период активна против отворањето на рудници е и Марина Томова од „Чејнџмејкерс“, која го критикуваше и проектот за ископ на антимон во Крива Паланка. Таа во интервју за медиумот „Револуционер“ ги повика граѓаните да си „ја преземат сопственоста врз своите улици“. „Не стојте настрана чекајќи градоначалник, министер или локален партиски шеф да ви даде дозвола да се грижите за вашата околина. Наједноставната навика што би ја променила Македонија преку ноќ, без финансиски трошоци, е граѓаните да сфатат дека оваа земја им припаѓа ним – и да почнат веднаш, активно да преземаат сопственост“, порача Томова. Ваквите пораки и настапи на дел од еко-активистите отвораат сериозно прашање за тоа каде е границата помеѓу легитимното граѓанско изразување и однесувањето што наликува на