Египетски суд стави македонска исламска организација на листата терористички организации

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Кривичниот суд во Каиро со одлука донесена во предмет број 11108 од 2026 година стави македонска исламска организација на египетската листа на терористички организации, заедно со уште 34 други организации и 36 лица. Одлуката беше објавена на 10 ноември во египетскиот службен весник, а организациите и лицата се внесуваат во египетските списоци на терористички организации и терористи во период од пет години. Македонската организација е наведена во списокот под арапското име „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“ (تجمع الشباب الإسلامي), што во превод значи „Исламско младинско здружение“. Таа е наведена во списокот објавен од египетската новинска агенција МЕНА и во извештаите на египетските медиуми, но засега нема доволно јавно достапни податоци за нејзиното точно правно име и регистрација во Македонија. Од јавно достапниот список на граѓански организации, со податоци од Централниот регистар, постои регистрирано здружение „Исламски младински форум – Скопје“. Египетската листа го наведува арапското име, кое индиректно како превод се поклопува со името на оваа организација, но тоа не мора да значи дека станува збор за оваа организација. Наведувањето на организација од Македонија во ваков список отвора прашања за нејзиниот идентитет, активностите, евентуалните меѓународни поврзаности и причините поради кои се нашла во судската одлука. Одлуката на египетскиот суд опфаќа широк круг исламски организации што дејствуваат во Европа. Меѓу 35-те организации, покрај исламски здруженија и институции од Франција, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Шведска, Италија и други европски држави, во списокот се наведени и Советот на муслиманите во Европа, Исламската асоцијација во Велика Британија, Лигата на муслиманите во Швајцарија, Исламската заедница во Германија, Европскиот совет за фетви и истражувања, Европскиот совет на имами и Европскиот институт за хуманистички науки. Во досега објавените извештаи не е презентирано посебно образложение за македонскиот субјект, ниту конкретни докази за

Египетски суд стави македонска исламска организација на листата терористички организации | FinPortal.mk

Кривичниот суд во Каиро со одлука донесена во предмет број 11108 од 2026 година стави македонска исламска организација на египетската листа на терористички орга