Една членка може да ја блокира цела ЕУ: Парадоксот на едногласноста во Брисел

FinPortal.mk · 24.9.2026 г.

Европската Унија повторно се соочи со своите внатрешни противречности откако Летонија привремено го блокираше продолжувањето на санкциите кон Русија, со што се отвори старото прашање дали принципот на едногласност ја штити кохезијата на Унијата или им дава преголема моќ на националните интереси да ги запираат заедничките политики. По тешки убедувања и преговори, Брисел успеа да го ратификува продолжувањето на санкциите за Русија за уште 36 месеци, откако Летонија претходно се спротивстави на нивното усвојување поради тоа што од списокот на санкционирани лица биле изземени двајца руски олигарси. Според дипломатски извори, Франција побарала отстранување на Алишер Усманов од листата на санкционирани лица, образложувајќи го тоа со прашање поврзано со нејзината национална безбедност, додека Луксембург побарал санкциите да бидат укинати за Михаил Фридман. На нивното барање се спротивставиле повеќе земји членки, како и Украина. Летонија на крајот попушти, односно се воздржа од правото на вето, но зад целата оваа драма се крие многу посуштинско прашање за начинот на кој функционира самата Унија. Одлуките за санкциите се носат едногласно, што значи дека и една држава може да спречи одлука зад која стојат сите други членки. Таквиот механизам има своја логика, бидејќи секоја членка сака да има гаранција дека нејзините суштински интереси нема едноставно да бидат прегласани. Но истиот механизам истовремено ја отвора и спротивната дилема: дали една унија што сака да биде голем геополитички актер може ефикасно да дејствува ако една членка има можност да го закочи заедничкиот потег? Токму тука случајот со санкциите станува интересен за Македонија, бидејќи истиот принцип на едногласност што може да го запре усвојувањето на европска одлука за санкции се појавува и во политиката на проширување. Македонскиот случај со години ја покажува истата системска слабост од друг агол. Пристапниот процес не е само разговор меѓу кандидатот и институциите во Брисел, туку и процес во кој националнит

Една членка може да ја блокира цела ЕУ: Парадоксот на едногласноста во Брисел | FinPortal.mk

Европската Унија повторно се соочи со своите внатрешни противречности откако Летонија привремено го блокираше продолжувањето на санкциите кон Русија, со што се