ДЗР откри сериозни слабости во јавните набавки на ЕСМ: договори вредни 143,6 милиони евра склучени без пазарно истражување и со ограничена конкуренција

FinPortal.mk · 15.9.2026 г.

Државниот завод за ревизија утврдил низа слабости во планирањето, спроведувањето и реализацијата на јавните набавки во АД ЕСМ – Скопје, соопштија од ревизорската институција. Според ревизорите, постапките и реализацијата на склучените договори не се во согласност во сите материјални аспекти со релевантната законска и подзаконска регулатива, плановите и договорите, што отвора сериозни прашања за начинот на кој се трошат средствата во државното енергетско друштво. Ревизијата опфатила вкупно 27 постапки за јавни набавки, од кои две биле спроведени во 2022 година, 19 во 2023 година и шест во 2024 година. По овие постапки, во 2024 година биле преземени обврски во вкупен износ од 8.858.194 илјади денари, односно околу 143,6 милиони евра. Оваа сума сама по себе говори за обемот на набавките што биле предмет на ревизорскиот преглед и за тежината на утврдените неправилности. Ревизорите утврдиле слабости уште во фазата на планирање на набавките. Годишниот план за јавни набавки бил изготвен врз основа на податоци од претходно склучени договори, без соодветно истражување на пазарот и без користење на законската можност за технички дијалог. Покрај тоа, констатирани се и неосновано определување на проценетата вредност и недоволно аналитички пристап при утврдувањето на потребите на друштвото, што дополнително ја нарушува точноста и реалноста на планираните набавки. Иако во ЕСМ било донесено упатство за спроведување на набавките, тоа не содржело прецизни насоки за утврдување на потребите, количините и проценетата вредност. Како последица на ваквата состојба, во текот на 2024 година биле донесени 19 одлуки за измени на Годишниот план за јавни набавки. Според ДЗР, ваквиот број измени негативно влијае врз ефикасноста, финансиското планирање, роковите, транспарентноста и предвидливоста на постапките, што го отежнува и следењето на трошењето и контролата над склучените договори. Ревизорите потврдиле и дел од состојбите наведени во Извештајот за „црвени знаменца“ за 2024 година на Бирото

ДЗР откри сериозни слабости во јавните набавки на ЕСМ: договори вредни 143,6 милиони евра склучени без пазарно истражување и со ограничена конкуренција | FinPortal.mk

Државниот завод за ревизија утврдил низа слабости во планирањето, спроведувањето и реализацијата на јавните набавки во АД ЕСМ – Скопје, соопштија од ревизорскат