Две различни математики за истиот живот: владината кошница 58.475 денари, синдикалната 68.675 денари
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Колку му е потребно на едно четиричлено семејство во Македонија за да го истурка месецот? Одговорот на ова прашање веќе не зависи само од цените во маркетите, туку и од тоа кој ги брои артиклите. Во средината на сè пожешката дебата за животниот стандард, Министерството за економија и труд излезе со нова пресметка за потрошувачката кошница, според која на едно четиричлено домаќинство во август му биле доволни 58.475 денари за покривање на основните потреби. Но, само што Владата ја објави својата математика, се отвори јаз од дури 10.200 денари во однос на Синдикалната минимална кошница, која за истиот месец Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ја процени на 68.675 денари. Веќе во септември таа порасна на 69.432 денари, што дополнително ја продлабочи разликата меѓу двете пресметки. Најголемото совпаѓање, но едновремено и најголемото разминување, се гледа кај најболната точка — храната. Додека Министерството тврди дека 21.132 денари се доволни за прехрана, синдикатот смета дека без 25.032 денари трпезата не може да се наполни. Разликата од речиси 4.000 денари само за храна ја илустрира различната методологија што стои зад двете кошници. Според деталната пресметка на ССМ, покрај храната, во месечните трошоци на едно четиричлено семејство влегуваат и 7.192 денари за образование, 6.511 денари за облека и обувки, 6.370 денари за комуналии и греење, 5.175 денари за транспорт, 4.131 денар за ресторани и хотели, 3.677 денари за комуникации, 2.692 денари за хигиена и 1.196 денари за здравје. Синдикалната кошница на тој начин ги опфаќа сите скриени аспекти на секојдневието, од кои многу не се појавуваат во владината пресметка. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, демантира дека Владата сака вештачки да ги намали трошоците на граѓаните. Според него, новата владина методологија се базира на реално остварена просечна потрошувачка, користејќи податоци од Државниот завод за статистика, 23 пазари и најпродаваните артикли во осум големи синџири маркети низ страната. Допол