Дурмиши: Заедничкиот регионален пазар треба да донесе конкретни придобивки за компаниите
FinPortal.mk · 30.9.2026 г.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на конференција во Будва и на министерски состанок во Цетиње, кои се одржаа во рамките на Берлинскиот процес. На двата настана централна тема беше зајакнувањето на Заедничкиот регионален пазар и забрзувањето на економското приближување на Западен Балкан кон Европската Унија, соопштија од неговиот кабинет. Според Дурмиши, регионот веќе располага со индустриски капацитети, квалификувана работна сила и компании што се поврзани со европските производители, но соработката меѓу економиите сè уште е под својот реален потенцијал. Тој оцени дека следниот чекор е домашните компании да се поврзат во регионални синџири на снабдување и да развиваат производи и услуги со поголема додадена вредност. „Нашата цел не е Северна Македонија да биде само локација за производство. Сакаме домашните компании да станат посилни добавувачи, да развиваат сопствени производи и технологии и да имаат поголемо учество во европските синџири на вредност. За тоа ни се потребни подобро поврзан регионален пазар, квалификувани луѓе и повеќе инвестиции во иновации“, рече Дурмиши на конференцијата во Будва. На министерскиот состанок во Цетиње, министерот за економија и труд нагласи дека спроведувањето на договорените мерки во рамките на Заедничкиот регионален пазар треба да стане приоритет за сите економии во регионот. Како клучни чекори ги посочи заемното признавање на документи и квалификации, прифаќањето на електронските потписи и поврзувањето на дигиталните системи меѓу земјите. Според него, токму тие мерки ќе им заштедат време и трошоци на компаниите што работат на повеќе пазари во регионот, бидејќи ќе ја намалат административната тежина и ќе го забрзаат протокот на стоки, услуги и работна сила. „Веќе имаме стратегии, договори и акциски планови. Сега треба да покажеме резултати што компаниите и граѓаните ќе ги почувствуваат. Кога една постапка ќе може да се заврши дигитално, а документ издаден во една економија ќе се признава во друга, региона