Дурмиши: Безбедните работни места се инвестиција во луѓето, а не трошок за компаниите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Безбедноста и здравјето при работа претставуваат основно право на секој работник, а создавањето безбедна, здрава и достоинствена работна средина останува еден од приоритетите на Министерството за економија и труд. Ова го истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на денешниот настан по повод одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа, на кој се доделуваат и Националните награди за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа. Во своето обраќање пред присутните, министерот Дурмиши нагласи дека безбедноста и здравјето при работа не претставуваат само законска обврска или исполнување на пропишани стандарди, туку основно право на секој работник, прашање на човечко достоинство и заедничка одговорност. Тој ја истакна јасната цел на министерството – секој работник да има безбедна работна средина, да биде заштитен од ризици и по завршувањето на работниот ден да се врати дома здрав и безбеден. Министерот во обраќањето посочи дека брзиот технолошки развој, дигитализацијата и новите начини на организација на работата, покрај можностите за поголема продуктивност и економски раст, носат и нови предизвици за заштитата на работниците. Особено внимание, како што нагласи Дурмиши, мора да се посвети на психосоцијалните ризици, стресот и влијанието на современите работни процеси врз менталното здравје на вработените. „Наш приоритет е континуирано унапредување на законската рамка, зајакнување на превенцијата и создавање услови во кои економскиот и технолошкиот напредок ќе бидат проследени со повисоки стандарди за заштита на работниците. Градиме пазар на труд во кој безбедноста и здравјето не се дополнителна обврска, туку составен дел од секој работен процес“, нагласи министерот за економија и труд. Дурмиши ја потенцираше и заедничката одговорност на институциите, работодавачите, синдикатите, инспекциските служби и самите работници во воспоставувањето култура на превенција, при што особено ја истакна улогата на компаниите. Спор