ДУИ: Северна Македонија остана надвор од европската мапа за пристапување
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Партијата ДУИ денеска изрази остра реакција поради информацијата дека Северна Македонија не е вклучена во планот на Европската комисија за изработка на патокази за пристапување кон Европската Унија. Според соопштението на партијата, патокази ќе бидат подготвени за Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина, додека Северна Македонија не се наоѓа на таа листа. „Европската комисија јасно стави до знаење: патокази за пристапување ќе бидат подготвени за Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина. Северна Македонија не е на листата. Некогаш бевме први во регионот. Денес сите одат напред, додека ние остануваме во место“, велат од ДУИ во соопштението. Од партијата тврдат дека ваквата состојба е директна последица на политиките на актуелната Влада. Според нив, во изминатите две години не е понудено ниту едно решение, не е отворено ниту едно поглавје во преговорите и не е направен ниту еден чекор напред во процесот на европска интеграција. Наместо тоа, како што наведуваат, имало само оправдувања, конфликти и обвинувања кон другите. „Сега доаѓа сметката. Другите ќе имаат план, рокови и подобар пристап до европските фондови и пазарот на ЕУ. Северна Македонија се оддалечува од групата земји што напредуваат кон членство“, се наведува во соопштението на ДУИ. Од ДУИ бараат од Владата да им одговори на граѓаните зошто државата останала надвор од овој процес, кој е нејзиниот план и колку ќе ја чини државата ваквата блокада. Според партијата, одговорноста е целосно на Владата, која ја презела државата со отворен пристапен процес, а сега ја остава без пат, без рок и надвор од мапата на проширувањето. „Европа оди напред. Албанија и Црна Гора одат напред. Само Северна Македонија е држена како заложник од оваа Влада“, стои во соопштението на ДУИ. Оваа реакција доаѓа во момент кога земјите од регионот продолжуваат со своите европски интеграции, а Северна Македонија останува без јасен патоказ и временска рамка за напредок во преговорите со Европската Унија. Од ДУИ предупредуваат дека ваквиот ра