Државниот совет за превенција бара одговорност од градоначалниците и општинските совети за неформирани тела за заштита на децата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца (ДСПДП) побара одговорност од градоначалниците и од советите на општините кои не формирале функционални тела за спречување на детското насилство, оценувајќи дека токму нивното непочитување на законската обврска е една од главните причини за ескалацијата на врсничкото насилство во Македонија. Ова беше истакнато на денешната презентација на Годишниот извештај на Советот за 2025 година, на која беа претставени и препораки за унапредување на системот за превенција и заштита на правата и интересите на децата. Според податоците изнесени на презентацијата, најголем број деца жртви биле евидентирани од Министерството за внатрешни работи – 694, потоа во јавните обвинителства – 629, во судовите – 404 и во центрите за социјална работа – 334. Овие бројки, како што беше нагласено, ја отсликуваат сериозноста на состојбата со насилството врз и меѓу децата и потребата од системски, а не само декларативен одговор на локално ниво. Претседателката на Државниот совет, професорката по кривично право д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, оцени дека како еден од најзначајните предизвици и понатаму се издвојува неисполнувањето на законската обврска за формирање општински совети за превенција на детско престапништво во голем број општини. Таа објасни дека во дел од општините овие тела воопшто не се формирани, во други постојат, но не се активни, додека само мал дел функционираат и ги реализираат предвидените активности. Лажетиќ додаде дека за нивното функционирање се неопходни финансиски средства, годишни програми за работа и активна вклученост на сите релевантни чинители. Според неа, Советот ги спојува за соработка советите на општините и судиите, обвинителите од тие општини, полицајците, директорите на локалните училишта и социјалните работници, со цел да се разбере дека неформирањето тела за откривање на булинг и изживување на деца врз деца, како и несакањето да се видат децата во ризик