Државни ревизори не можат да ја потврдат финансиската состојба на Министерството за дигитална трансформација

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Државните ревизори не можеле да потврдат дека финансиските извештаи на Министерството за дигитална трансформација за 2024 година реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Причината не е една изолирана грешка, туку низа слабости – од нецелосен попис на имотот и непроценети недвижности, преку обврски заведувани со години задоцнување, до набавки на стоки и услуги без спроведена постапка за јавна набавка. Ревизорите од Државниот завод за ревизија се воздржале од изразување мислење за финансиските извештаи, а за усогласеноста со законите и прописите дале мислење со резерва, наведувајќи дека не биле во можност да прибават достатни и соодветни ревизорски докази. Вонредниот попис не бил целосен: не бил попишан дел од нематеријалниот имот и мобилните телефони, пописните листи немале вредносни показатели, а кај дел од средствата недостигале и инвентарни броеви. Делбениот биланс меѓу новоформираните Министерство за дигитална трансформација и Министерство за јавна администрација не бил спроведен. Како последица на тоа, во билансот на Министерството останале и средствата на поранешното МИОА, заедно со новонабавениот имот на МДТ. Притоа, се посочува ставката „Објекти“, заведена со вредност од 140,05 милиони денари, или околу 2,28 милиони евра, која претставува 92,29 отсто од сегашната вредност на градежните објекти. За неа ревизорите велат дека не доставиле информација или документација од која ќе може да се види за кои градежни објекти таа се однесува. Уште поилустративен е податокот дека во вонбилансната евиденција се водат 16 деловни објекти со вредност од по еден денар, за кои Министерството нема комплетна документација. Состојбата, според ДЗР, била позната и од претходните ревизии, но до моментот на новиот извештај не била надмината. Проблем има и со деловниот простор од вкупно 908,48 квадратни метри на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје. Иако за него е обезбеден имотен лист, не била направена проценка за да може вредноста да се внесе

Државни ревизори не можат да ја потврдат финансиската состојба на Министерството за дигитална трансформација | FinPortal.mk

Државните ревизори не можеле да потврдат дека финансиските извештаи на Министерството за дигитална трансформација за 2024 година реално и објективно ја прикажув