Државна лотарија: Мерките за отстранување на наследените слабости преземени пред објавувањето на ревизорскиот извештај
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Државната лотарија соопшти дека презела конкретни мерки за отстранување на наследените неправилности во своето работење уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија, нагласувајќи дека постапката за ревизија била иницирана по нивно барање. Од Државна лотарија потврдуваат дека ревизијата на нивното работење во овие постапки била спроведена по нивна сопствена иницијатива, а постапката била покрената во првиот месец по назначувањето на новиот менаџмент. Според соопштението, новото раководство на Државна лотарија не го чекало доставувањето и објавувањето на извештајот за да постапи по слабостите наследени од претходното раководство, туку иницирало конкретни постапки за прекин на спорните активности и усогласување на работењето со законските обврски. Од институцијата оценуваат дека ова е суштински факт за правилно информирање на јавноста и потенцираат дека преземените мерки не претставуваат одговор на актуелните медиумски објави, туку се дел од веќе започнат процес на решавање на наследените проблеми. Целта на овие мерки, како што се наведува, е да се запре продолжувањето на спорните практики, да се заштити јавниот интерес и да се воспостави одговорно корпоративно управување, а во заштита на државниот интерес и капитал. Од Државна лотарија уверуваат дека со целосна сериозност пристапиле кон наодите и препораките на Државниот завод за ревизија, оценувајќи ги како важна основа и за понатамошно постапување и за дополнително зајакнување на контролата и законитоста во работењето. „Нашата обврска беше и е, утврдените слабости констатирани од наша страна, а се однесуваат на претходното работење, но и од страна на Државниот завод за ревизија, да се решаваат со конкретни мерки, а не да се релативизираат“, се наведува во соопштението на Државна лотарија. Во согласност со автентичното толкување на одредбите на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Државна лотарија, како што се посочува, оддамна иницирала судски постапки за престанок