Државата лани склучила 30.698 договори за јавни набавки вредни над 1,6 милијарди евра
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Државата е еден од најголемите купувачи во македонската економија и преку јавните набавки создава пазар за градежните компании, трговците, производителите, снабдувачите со опрема и фирмите што обезбедуваат различни услуги. Но, кога се анализираат јавните пари, не е важно само колку се трошат, туку и кај кого завршуваат и колку бизниси зависат од државата за да ги остварат своите приходи. Во 2025 година беа објавени 30.698 договори за јавни набавки вредни 100,1 милијарда денари, односно над 1,6 милијарди евра, со 3.465 добавувачи и 1.114 договорни органи, покажува макроекономската анализа на Бизнис мрежа, што ја подготви „Пари“ и беше презентирана на настанот Бизнис лидер. Податоците откриваат дека две третини од вредноста на договорите, или 68 отсто, се доделени со отворена постапка, а уште 23 насто со поедноставена отворена постапка. Она што особено го забележуваат аналитичарите е големата концентрација кај мал број добавувачи. Иако во јавните набавки учествуваат 3.465 фирми, најголемиот дел од вредноста на договорите е концентриран кај релативно мал број компании. Десетте најголеми добавувачи според вкупната вредност на договорите во 2025 година добиле една четвртина од вкупната вредност на договорите, што значи дека секој четврт денар од вкупната вредност на сите јавни набавки отишол кај тие фирми. Пошироката слика ја даваат првите 100 фирми рангирани според вкупната вредност на склучените договори за јавни набавки. Ним им припаднале 61 отсто од парите. Овие податоци сами по себе не значат дека постои неправилност во доделувањето на договорите. Големите инфраструктурни проекти, набавките со висока техничка сложеност и договорите што бараат значителни финансиски и кадровски капацитети природно можат да одат кај поголеми компании. Сепак, концентрацијата отвора прашање за тоа колку е широк кругот на фирми што можат да конкурираат за јавните пари. Дополнителен показател е распределбата на набавките кај самите институции. Според податоците од Бизнис мрежа, лани имало