Д-р Барбов: Ива Михаилова немаше македонско осигурување, затоа предложив лекување во Бугарија

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Професорот д-р Иван Барбов изјави дека една од главните причини поради кои ѝ предложил на Ива Михаилова да го продолжи лекувањето во Бугарија била тоа што таа имала бугарско, но не и македонско здравствено осигурување. Во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“, неврологот објасни дека во моментот кога ја дал препораката не знаел дека на Михаилова ѝ биле одземени патните исправи и дека не смеела да ја напушти Македонија. „Главната причина беше дека јас знаев дека таа има два пасоша, има осигурување во Бугарија и логично беше да предложам да го продолжи лекувањето во Бугарија за да не биде изложена на трошоци“, изјави Барбов. Запрашан дали ќе ја испрати на лекување во Бугарија доколку имала македонско здравствено осигурување, лекарот одговори негативно. „Нема зошто да ја праќам. Единствена причина беше што таа немаше осигурување и логично беше да се лекува во Бугарија“, рече тој. Барбов појасни дека препораката за третман со пумпа била само негов стручен предлог, а не одлука донесена преку постапката за упатување пациенти на лекување во странство. „Само предлог. Тоа не отиде на стручен колегиум“, изјави лекарот. Според неговото објаснување, пациентката не можела да ја помине вообичаената постапка за лекување во странство преку македонскиот Фонд за здравствено осигурување, бидејќи не била негов осигуреник. Барбов нагласи дека во периодот на лекувањето постапувал како лекар, без да знае за судските ограничувања што важеле за Михаилова. Тој категорично ја отфрли опасноста дека Михаилова би можела да остане трајно неподвижна, одговарајќи со „Не, не, не“ на ова прашање. Во емисијата „Претрес со Ландов“ беа отворени и други теми поврзани со случајот на Ива Михаилова, меѓу кои и патот од лекот за неа до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот, за што разговараа Барбов и Раичевиќ.

Д-р Барбов: Ива Михаилова немаше македонско осигурување, затоа предложив лекување во Бугарија | FinPortal.mk

Професорот д-р Иван Барбов изјави дека една од главните причини поради кои ѝ предложил на Ива Михаилова да го продолжи лекувањето во Бугарија била тоа што таа и