ДПИ по ревизорскиот извештај: Институцијата работи на доекипирање и ново софтверско решение

FinPortal.mk · 25.9.2026 г.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) излезе со одговор по објавениот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), нагласувајќи дека институцијата активно работи на надминување на констатираните слабости, меѓу кои особено внимание се посветува на кадровското екипирање и на воведување целосно ново софтверско решение. Од ДПИ потсетуваат дека по стапувањето на должност на новиот директор, од самата институција биле согледани дел од недостатоците и предизвиците со кои се соочува Инспекторатот, токму поради што било поднесено барање до ДЗР за спроведување целосен и независен увид во состојбите. Од Инспекторатот прецизираат дека објавениот извештај на ДЗР се однесува на работењето на ДПИ за 2023 и 2024 година, односно на период во кој биле увидени низа системски предизвици во функционирањето на институцијата. Како што се наведува во соопштението, од 2025 година ДПИ активно работи на надминување на констатираните слабости и на воспоставување поефикасен и пофункционален систем на работа, при што се преземаат конкретни активности за отстранување на утврдените недостатоци, зајакнување на човечките капацитети, подобрување на финансиската и материјалната евиденција, како и унапредување на инспекциските постапки и дигиталните процеси. Во делот на кадровското зајакнување, од ДПИ потенцираат дека особено внимание се посветува на екипирањето на Инспекторатот, имајќи ја предвид широката надлежност на институцијата и обемот на инспекциски надзори. Според нив, за ефикасно исполнување на законските обврски е потребно континуирано зајакнување на инспекторските капацитети, што е еден од клучните предуслови за натамошно подобрување на работата на терен. Кога станува збор за дигитализацијата, ДПИ со поддршка на Европската Унија работи на целосно ново системско и софтверско решение, компатибилно со потребите на Инспекторатот, кое би ги покрило сите работни процеси во институцијата. Паралелно со ова, се преземаат активности за унапредување на финансиското и материјалното работење,

ДПИ по ревизорскиот извештај: Институцијата работи на доекипирање и ново софтверско решение | FinPortal.mk

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) излезе со одговор по објавениот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), нагласувајќи дека институцијата ак