Довербата во институциите исчезнува: кој ја изеде иднината на Македонија?
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Прашањето што македонската политичка елита упорно го избегнува, а кое станува сè погласно во секојдневието на граѓаните, е кој ја изеде иднината на Македонија. Според размислувањето на проф. д-р Иван Анастасовски, не станува збор само за економија, за висината на платите, за европските интеграции или за тоа кој ќе ја формира следната влада, туку за нешто многу посериозно — изгубената доверба дека оваа држава може да стане нормално, праведно и функционално општество. Политичари има, политички партии има, ветувања и тек како има, но останува дилемата каде е државата што им била ветена на граѓаните. Проблемот, како што се нагласува, не е само во тоа што некои политички ветувања не се исполнети, туку во тоа што неисполнувањето на ветувањата постепено стана нормална политичка практика. Доаѓањето на секоја политичка гарнитура на власт е проследено со приказни за историски промени, за структурни реформи, за правда за секого или за еднакви можности за сите граѓани, а додека е во опозиција, секоја политичка гарнитура преку прес-конференции најавува дека има решение, при што се држат прес-конференции и за „наводни“ криминали кои реално никогаш не се истражуваат. Секој изборен циклус започнува со надеж, а завршува со нова пресметка за тоа кој е виновен за претходниот неуспех. И така, државата останува заробена во политичко повторување. Најголемиот пораз на Македонија можеби не е поразот на некоја политичка партија — најголемиот пораз е кога граѓаните ќе престанат да веруваат дека политичката промена воопшто може да им го промени животот. Во тој контекст се укажува дека и СДСМ треба да се запраша и да направи самоанализа, што не би било лошо. Она што е симптоматично е дека секоја политичка партија доаѓа на власт со ветување дека ќе ја департизира државата, а потоа се соочува со искушението да ја користи истата таа држава за сопствено политичко позиционирање. Партиската книшка премногу често се доживува како предност, а професионалноста како спореден критериум, поради што, како