ДОМ предупредува: Предлог-законот за животна средина ги брише одредбите за санација на жешките еколошки точки
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Организацијата ДОМ остро предупредува дека предложените измени на Законот за животна средина, за кои утре треба да расправа надлежната собраниска комисија, отвораат сериозни прашања за заштитата на здравјето на граѓаните и на животната средина. Според соопштението на ДОМ, најзагрижувачки е предлогот за бришење на членовите 28-а, 28-б, 28-в и 28-г, кои се однесуваат на контаминираните подрачја, односно на таканаречените жешки еколошки точки. Станува збор за локации со долгогодишно индустриско загадување, меѓу кои ДОМ ги наведува ОХИС, Лојане, Југохром, Макстил, РЕК Битола, МХК Злетово – ѓубрива и РЕК Осломеј. Според организацијата, овие проблеми не исчезнуваат со бришење на законските одредби. Напротив, токму за ваквите локации се потребни јасни правила, утврдени институционални обврски и одговорност за санација на загадувањето. ДОМ предупредува дека бришењето на овие членови ризикува да создаде правна празнина и да ги ослаби механизмите за управување со контаминираните подрачја. Без јасна законска рамка, како што се наведува во соопштението, останува отворено прашањето кој ќе биде одговорен за следењето на загадувањето, за преземањето мерки и за обезбедувањето средства за санација. Покрај измените на одредбите за заштитната дистанца од пет километри за тешката индустрија и проширувањето на можностите за избегнување целосна постапка за оцена на влијанието врз животната средина, ДОМ посебно ја истакнува и последицата од предложеното бришење на зборовите „или реконструкција“ од забраната за тешка и загадувачка индустрија во радиус од пет километри од населени места и заштитени природни подрачја. Според организацијата, ваквата измена отвора простор постојни индустриски капацитети да се реконструираат и повторно да се стават во функција, иако се наоѓаат во оваа заштитна зона. ДОМ потсетува дека во 2022 година била меѓу предлагачите на законското решение со кое беше воведено ова ограничување, со цел да се заштитат граѓаните и природата. Од ДОМ порачуваат дека заштитата на