ДОМ бара јавно образложение за изборот на локацијата за Националниот дата-центар

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Партијата ДОМ побара Владата и Министерството за дигитална трансформација јавно да го објават образложението и критериумите врз основа на кои е избрана локацијата за идниот Национален дата-центар. Од партијата оценуваат дека потребата од сигурна дигитална инфраструктура е неспорна, но дека таа сама по себе не дава одговор на прашањето како е избрана конкретната локација и дали биле разгледани сите релевантни аспекти пред да се донесат следните одлуки. Според информациите објавени на 8 октомври, локацијата е веќе избрана, додека урбанистичката документација и финансирањето сè уште се во подготовка. Министерот најавил дека пред изградбата ќе бидат изработени студија за влијанието врз животната средина и социјална студија. За ДОМ е клучно овие постапки да не се сведат на формално исполнување на условите за изградба, туку да обезбедат реална основа за оценување на проектот и неговите последици. Од партијата бараат Владата и надлежното министерство да објават дали при изборот биле разгледани алтернативни локации, како и да го претстават проектот со неговите основни технички параметри, вклучително и колкав капацитет ќе има центарот изразен во мегавати. Покрај тоа, ДОМ инсистира да се обезбедат соодветни процени на влијанијата врз животната среда и врз локалната заедница, во согласност со законските обврски, и тоа пред носењето на конечните одлуки. Посебен акцент партијата става на информирањето и учеството на јавноста. Според ДОМ, граѓаните не треба да бидат информирани за вакви проекти дури откако ќе бидат исполнети условите за нивно официјално претставување. Информирањето и учеството на граѓаните треба да бидат дел од процесот на планирање, а не негов завршен чекор, порачуваат од партијата, барајќи навремен пристап до релевантната документација во сите постапки каде што тоа е предвидено. ДОМ ја поддржува потребата од сигурна дигитална инфраструктура, но нагласува дека одлуките за нејзината изградба мора да бидат образложени, проверливи и во интерес на граѓаните. Повод з

ДОМ бара јавно образложение за изборот на локацијата за Националниот дата-центар | FinPortal.mk

Партијата ДОМ побара Владата и Министерството за дигитална трансформација јавно да го објават образложението и критериумите врз основа на кои е избрана локација