ДОМ бара буџетот да се мери со квалитетот на живот, а не само со растот на БДП
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Партијата ДОМ ја повика Владата економскиот раст да не го мери само преку статистичките показатели, туку преку тоа колку граѓаните го чувствуваат во своите паричници, во болниците и во воздухот што го дишат. Во соопштение, од партијата потсетуваат дека Владата деновиве се пофалила со позитивни извештаи од Светската банка и со економски раст од 4,3 отсто во вториот квартал, но дека останува клучното прашање кога граѓаните ќе го почувствуваат тој раст во секојдневниот живот. „Ова се добри вести за статистиката, но останува клучното прашање: кога граѓаните ќе го почувствуваат овој раст во своите паричници, во болниците и во воздухот што го дишат“, велат од ДОМ. Според партијата, современите европски демократии одамна не го мерат успехот само преку бруто домашниот производ, зашто растот нема никаква вредност ако истовремено растат цените во маркетите, ако младите дишат отровен воздух и ако граѓаните губат денови во бирократски лавиринти. Затоа ДОМ не бара само дебата за проценти, туку бара од Владата итно воведување на Индекс за квалитет на живот (Well-being Index) при креирањето на буџетот. Според партијата, позитивните економски движења мора веднаш да се преточат во конкретни резултати за луѓето. Едно од барањата е државните субвенции за странски и домашни инвестиции директно да се условат со висината на платите што тие ги даваат и со нивното влијание врз животната средина. Од ДОМ нагласуваат дека им требаат зелени и сигурни работни места, а не само евтина работна сила, и дека растот мора да ја победи инфлацијата. Партијата бара и еко-дигитализација наместо скапи и енергетски расипнички мега проекти. Според нив, паметното поедноставување на услугите за граѓаните треба да се прави преку одржлива „зелена дигитализација“, бидејќи ефикасна држава не се прави со милионски тендери за огромни дата-центри кои голтаат енормна електрична енергија и вода, туку со оптимизација на постоечките ресурси. Граѓанинот треба да заврши работа брзо, но без државата да создава нов еколошки