Доктор Василевски почна штрајк со глад пред Деканатот, Клековски: Медицинскиот факултет е надлежност на МОН

FinPortal.mk · 3.10.2026 г.

Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски денеска го започна најавениот штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, откако, како што тврди, по третпат бил одбиен на јавен оглас за вработување и бил дискриминиран поради својата возраст. Тој во објава на Фејсбук потврди дека неговата борба продолжува со мирен протест со гладување, наведувајќи дека одлуката не ја донел лесно и дека таа не е насочена кон никого лично. „Од денес мојата борба продолжува пред Деканатот на Медицинскиот факултет со мирен протест со гладување. Ова не беше одлука која ја донесов лесно. Ова не е насочено кон никого лично. Оваа клупа и едно шаторче кое ќе биде поставено во текот на денот ќе бидат мојот дом 24/7 во периодот што следува. Со почит кон институциите, но и со почит кон самиот себе“, напиша Василевски. Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, изјави дека е запознаен со случајот, но дека Министерството за образование и наука, а не Министерството за здравство, е надлежно за вработувањата на Медицинскиот факултет, кој, како што рече, е образовна, а не здравствена установа. Според него, доколку докторот Василевски се пријави за втората група од 300 специјализанти кои треба да бидат вработени во јавното здравство и ги исполнува условите, тој ќе биде примен во делот на јавно-здравствените установи. „Во моментов работиме на втората група од 300 специјализанти кои треба да бидат вработени во јавното здравство и доколку докторот Василевски се пријави за таа група и ги исполнува условите ќе биде примен во делот на јавно-здравствените установи, но Медицинскиот факултет е надлежност на МОН“, изјави Клековски. Случајот претходно го коментираше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која минатата недела изјави дека ресорот што го предводи нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицинскиот факултет. Со тоа, двете надлежни министерства се согласуваат дека вработувањата на Медицинскиот

Доктор Василевски почна штрајк со глад пред Деканатот, Клековски: Медицинскиот факултет е надлежност на МОН | FinPortal.mk

Лекарот и приватен специјализант Дарко Василевски денеска го започна најавениот штрајк со глад пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, откако, како ш