Доктор Василевски по шест дена штрајк пред Медицинскиот факултет: Си заминувам со нарушено здравје, но со крената глава

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Докторот Дарко Василевски го заврши шестдневниот штрајк што го држеше пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје си заминува со крената глава, затоа што, како што вели, укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица. Веста за крајот на неговиот протест ја соопшти самиот тој во објава по завршувањето на штрајкот, во која ги изнесе впечатоците од речиси една недела помината пред институцијата. Василевски во објавата посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации. Тој изрази благодарност до колегата и пријател, лекар кој дури шестиот ден го посетил и му ја понудил својата поддршка, како и до граѓаните кои, како што наведува, му понудиле помош лично или преку пораки. Во своето обраќање, докторот Василевски го опиша разговорот со деканот на Медицинскиот факултет како момент на отрезнување. „Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша тој, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор. Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување. Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран. И покрај сето тоа, Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите. „Се надевав дека мојот случај ќе биде лекција како не треба во иднина, дека треба секому да му се даде шанса, праведна, а не да се бројат години или да се влечат врски“, наведува тој во објавата. По шестдневниот штрајк, Василевски вели дека си заминува со нарушено здравје, но горд што издржал и не се откажал под притисок. Тој најавува дека и понатаму ќе продолжи да се з

Доктор Василевски по шест дена штрајк пред Медицинскиот факултет: Си заминувам со нарушено здравје, но со крената глава | FinPortal.mk

Докторот Дарко Василевски го заврши шестдневниот штрајк што го држеше пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, порачувајќи дека и покрај нарушеното зд