Договорот е уреден, но дали донацијата стигнала до целта – прашање што бара проверка на терен
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Во договорот пишува дека ќе се донираат садници. Документите се уредни, но дали дрвјата навистина се засадени? Токму тука е разликата меѓу ветена и реализирана донација, се вели во разговорот што го отвора ова прашање. Даночната експертка Елена Стојмановска Тортевска во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ прашува дали повеќе ѝ веруваме на хартијата или на утврдената фактичка состојба. Договорот покажува што страните се обврзале да направат, но сам по себе не докажува дека тоа е завршено. Затоа, контролата треба да утврди каде отишле средствата и дали се употребени за договорената намена. Поедноставувањето на процедурите не значи откажување од проверките: клучно е примателот да покаже што реализирал, а даночниот орган да може да го провери тоа и на терен. Затоа, реално се отвара прашањето на капацитетот на институциите за контрола на донациите. Стојмановска Тортевска во разговорот го поставува прашањето од друг агол: дали повеќе веруваме на хартијата или на фактичката состојба. „Да, хартијата е битна за да видиме кои планови се на определени компании и на приматели на донација, меѓутоа дали тоа навистина е така пракса, пак доаѓаме до екс пост. Екс анте е, дај да видиме зашто ќе донираат, што ќе прават, што има планот и тука е фокусот, дали е јавен интерес или не, а дали сето тоа е направено правилно како што треба, фокусот е на утврдување на правилна фактичка состојба, значи каде ќе зборуваме за излегување на терен“, вели таа. Според неа, овде не треба да се гледа како на проширување на даночните бенефиции. „Далеку сме од размислување на проширување на даночни бенефиции, туку менување на фокусот дали и веруваме на хартијата или и веруваме на правилно утврдена фактичка состојба“, нагласува даночната експертка. Целиот разговор е достапен во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, каде што темата за контрола на донациите се разработува подетално. Прашањето што останува отворено е едноставно, но суштинско: кога на хартија сè е во ред, кој и како провер