ДКСК по сопствена иницијатива отвора предмет за финансирањето на прославата на независноста
FinPortal.mk · 15.9.2026 г.
Државната комисија за спречување корупција по сопствена иницијатива ќе оформи предмет по допрен глас за начинот на кој беше финансирана прославата на 35 години независност на Македонија од страна на државната Лотарија. Според досега утврдената пракса, кога ДКСК отвора предмет, него вообичаено не го работи Јавното обвинителство додека не заврши постапката во неа. Прославата за независноста се претвори во скандал откако стана јасно дека за неа се потрошени големи пари, дека е договарана под маса и дека не се знае кому и колку се исплатени средства од над петте милиони евра. СДСМ и други опозициски партии со денови бараат да се испита организирањето на прославата, од тоа како парите биле поделени по ставки и колку добил секој изведувач. Ќе се испитува и членството во надворешната комисија која ја извршила евалуацијата на програмата за настаните, а која била доставена на стотина страници од страна на фирмата „Стардаст“ која ги доби средствата за организирање на настаните, вклучително и за централниот настан, концертот на Давид Гета. Претседателот на Комисијата која ја извршила евалуацијата бил Николче Мицевски, кој подоцна се јавува како автор на оркестрациите на Хосе Карерас, кој беше дел од програмата. По утврдувањето на фактичката состојба, ДКСК ќе донесе одлука на јавна седница. Непознато останува исто така дали Собранието на акционери на Лотарија донело одлука да се спонзорираат 4,8 милиони евра од нераспределената добивка од 2024 година како што бара Законот за трговски друштва, или без таква одлука, само по укажување од владина седница – ги дало парите. СДСМ практично бараше истрага да отвори јавното обвинителство, бидејќи ДКСК досега само ги амнестираше владините скандали или го трошеше времето додека стивне вревата и излезат од фокусот. Преку соопштение од партијата порачаа дека станува збор за огромни народни пари, а власта ги крие одлуките, договорите, анексите, фактурите и исплатите и практично крие од граѓаните каде ги потрошиле нивните пари. „Крие, за да н