Џорлев по историското злато во Штип: Сакам младинската титула да ја заменам со сениорска
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Светскиот карате шампион Марко Џорлев беше свечено пречекан во големата сала на Општина Штип, која, како што беше наведено, била претесна да ги собере сите кои сакаа да го поздрават шампионот од Штип. На пречекот присуствуваа градоначалникот на Штип Иван Јорданов, пратеникот Душко Иванов, тренерите Сашко и Жарко Арсовски, родителите на Џорлев, клупски другари, соученици и љубители на спортот. Џорлев своето обраќање го започна со зборовите што неговиот тренер Жарко ги објави на социјалните мрежи по освојувањето на светската титула: „Македонија има светски шампион, Штип има светски шампион, Карате клуб Штип има светски шампион“. Тој нагласи дека златниот медал претставува историски успех за Македонија, бидејќи е прв златен медал на светски првенства во карате. „Ова е навистина голема чест да се биде првиот освојувач на златниот медал за Македонија во карате и навистина чувството е прекрасно. Овој златен медал потекнува уште многу одамна, потекнува од 2016 година кога јас почнав да тренирам карате. Во 2016 година на само петгодишна возраст, јас почнав да тренирам во Карате клубот Штип, најдобриот клуб со најдобрите тренери Сашко и Жарко Арсовски“, рече Џорлев. Марко им се заблагодари на сите кои придонеле за неговиот успех, потенцирајќи ги тренерите Сашко и Жарко, родителите и клупските другари кои учествуваа на светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјелско Бјала, Полска. Од градоначалникот на Штип доби вредносен ваучер од 100.000 денари. „Марко, твојот успех е резултат на труд, дисциплина и упорност. Ти си гордост за Штип и инспирација за младите! Честитки до твоето семејство и тренерите Сашко и Жарко Арсовски за придонесот во овој успех. Нека ова биде само почеток на уште многу шампионски титули и спортски успеси“, рече Јорданов. Џорлев раскажа дека уште како мал си замислувал да биде светски првак, следејќи ги карате борбите и коментаторот Били Бренер и како го најавува него. Таа желба, како што рече, му се остварила, бидејќи Бренер го најавил, но и на кр