Џонсон: Регулацијата на вештачката интелигенција нека остане доброволна — 29.9.2026 — 29.9.2026

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, изјави дека ја поддржува идејата регулативата за вештачката интелигенција да остане доброволна, пренесе CNBC. Тој денес учествува на состанок во Вашингтон со претставници на компаниите од индустријата за вештачка интелигенција и со претседателот Доналд Трамп. „Се надевам дека ќе биде доброволна“, изјави Џонсон за CNBC пред средбата. „Ќе видиме што ќе излезе од денешниот состанок. Мислам дека тие одат во таа насока. Мислам дека ја гледаат пораката напишана на ѕидот и сакаат да ги уверат инвеститорите, потрошувачите и американската јавност дека тоа ќе го прават на многу безбеден начин, што, според мене, ќе нè постави на вистинското место. Изјавата доаѓа во момент кога Конгресот е сè уште во рана фаза од регулирањето на вештачката интелигенција, а законодавниот дом од крајот на оваа недела заминува од Вашингтон и нема да заседава до по изборите во ноември. Притисокот за побрзо дејствување доаѓа и од извршните директори во индустријата и од дел од членовите на Конгресот, кои бараат законска рамка за регулирање на вештачката интелигенција и владини ограничувања со цел да се спречи таа да предизвика штета. Лидерите во индустријата неодамна предупредија дека технологијата што ја создале носи катастрофални ризици доколку тргне наопаку и го повикаа Вашингтон да дејствува за да го забави напредокот на најновата технологија. Но, вештачката интелигенција истовремено ја потпира економијата и ги поттикнува добивките на пазарот и покрај другите неповолни услови, бидејќи технологијата ветува зголемување на продуктивноста и нови откритија. Џонсон, кој доаѓа од редовите на републиканците, претходно изјави дека се залага за „постигнување на вистинската рамнотежа“ со оваа технологија.

Џонсон: Регулацијата на вештачката интелигенција нека остане доброволна — 29.9.2026 — 29.9.2026 | FinPortal.mk

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, изјави дека ја поддржува идејата регулативата за вештачката интелигенција да остане доброволна, пренес