Џеков по дебито во репрезентацијата: Силекс е подготвен да ја прекине кризата и да тргне кон врвот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Кратовскиот прволигаш Силекс по репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар, каде што ќе се соочи со екипата на Арсими во натпревар од Првата лига. Средбата се игра денеска со почеток во 13:00 часот, а кратовци во неа влегуваат со јасна цел — конечно да ја прекинат серијата без победа и да се вратат на победничкиот пат. Силекс веќе извесен период е во резултатска криза. По трите порази, тимот одигра двапати нерешено, поради што избраниците на тренерот Александар Васоски со нетрпение очекуваат бодовите конечно да дојдат во нивни раце. Токму тоа го потврди и фудбалерот Ѓорге Џеков, кој по враќањето од репрезентативните обврски е целосно фокусиран на клупските предизвици. Џеков беше дел од сениорската репрезентација на Македонија, што за него претставува остварување на детски сон. „Чувството да се биде дел од сениорската репрезентација беше одлично. Тоа беше сон од мали нозе кој ми се остварува, да бидам дел од националниот тим. Се се случи брзо и среќен сум за дебито, и секако, ќе работам напорно за да продолжам да бидам дел од Македонија“, изјави Џеков. Според него, престојот во националниот тим дополнително го мотивирал пред враќањето во клупските редови, каде што Силекс има голема потреба од позитивен резултат. „Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат. Сакаме да почнеме една победничка серија, и на крај да дојдеме до горните позиции на табелата, каде што сметам дека ни е местото“, изјави Џеков. Изјавата на Џеков јасно покажува дека во кратовскиот табор владее оптимизам пред дуелот со Арсими, и покрај тоа што тимот во последните кола не успеа да слави. Двата нерешени резултати по трите порази дополнително ја зголемија желбата за победа, а гостувањето во Гостивар се гледа како идеална можност за нов почеток. Силекс во овој период имаше и свој претставник во репрезентацијата на Македонија токму во лицето на Џеков, што за клубот претставува признание за работата со млади фудбалери. Сепак, вниманието с