Директорот на Идризово предлага нова амнестија за да се намали пренатрупаноста во затворите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Директорот на Казнено-поправната установа Идризово, Зоран Јовановски, смета дека е потребно да се размисли за нова амнестија за одредени кривични дела, со цел да се намали бројот на осуденици и да се ублажи сериозната пренатрупаност во затворскиот систем. Во разговор посветен на проблемот со капацитетите, Јовановски изрази став дека ваквата мерка би била добредојдена, потсетувајќи дека во изминатите неколку години веќе имало една амнестија, како и ослободување од издржување на казни за оние кои не ги платиле казните поврзани со Ковид. Според податоците на Управата за извршување на санкции, состојбата во Идризово е алармантна. Капацитетот на оваа установа изнесува 1.187 места, но во моментот таму има 1.296 присутни осуденици, додека вкупниот број осуденици, сметајќи ги и бегствата и отсуствата, достигнува 1.467 лица. Јовановски потврди дека со пропишаните капацитети установата е преоптоварена за околу 100 до речиси 200 лица над дозволеното. За да се справи со недостигот на простор, раководството на Идризово прибегнало кон пренамена на одредени простории во спални, со што делумно се растеретила гужвата. Сепак, директорот предупредува дека пренамената не го решава финансискиот товар што го носи зголемениот број затвореници. Како што расте бројот на осудени лица, така се намалуваат средствата со кои располага затворот. Јовановски објасни дека во последните три години бројот на осудени лица во Идризово се зголемил за околу 200. Тоа, како што вели, значи 200 лица повеќе на листата за јадење, на листата за сместување, како и за трошење на струја и вода. Трошоците постојано растат, а буџетот на установата се намалува. Тој потсети дека затворот се води во делот на администрацијата, а Владата речиси секоја година го намалува буџетот на администрацијата, со што се намалуваат и средствата за затворот. Проблемот не е ограничен само на Идризово. Според податоците од Управата за извршување на санкции, состојбата е слична и во другите казнено-поправни установи во земјата. Во Казнен