Димовски: Гентерм е десетгодишен пример за успешно партнерство меѓу ТИРЗ и странските инвеститори

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, денес присуствуваше на одбележувањето на десетгодишниот јубилеј од отворањето на компанијата Гентерм во ТИРЗ Прилеп, со што се заокружува една деценија успешна работа, континуиран развој и партнерство во рамките на технолошките индустриски развојни зони. Во своето обраќање пред присутните, Димовски упати честитки до менаџментот и до вработените на Гентерм Македонија за јубилејот, истакнувајќи дека десетгодишното присуство на компанијата во ТИРЗ Прилеп е пример за значењето на партнерскиот однос помеѓу институциите и странските инвеститори. Тој нагласи дека ваквите инвестиции имаат многу пошироко економско значење, не само преку отворањето работни места и зголемувањето на извозот, туку и преку создавањето можности за развој на домашната економија, унапредување на производствените капацитети и стекнување нови знаења и вештини. „Одлуката на една мултинационална компанија да инвестира во Македонија е важен чекор. Но, уште поважно е таа компанија да продолжи да работи, да се развива, да инвестира во луѓето и да ја гледа земјата како дел од својата долгорочна стратегија. Тоа е вредноста на континуитетот. И токму тоа го одбележуваме денес. За нашата земја, присуството на компании како Гентерм има значење што ги надминува рамките на една инвестиција“, кажа Димовски. Според неговите зборови, токму континуитетот во работењето на странските компании во технолошките индустриски развојни зони е она што ја прави разликата меѓу еднократната инвестиција и долгорочното партнерство. Димовски оцени дека десетгодишниот јубилеј на Гентерм во ТИРЗ Прилеп е потврда дека ваквиот модел на соработка меѓу државата и странските инвеститори дава резултати и понатаму може да служи како пример за идните инвестициски циклуси. Одбележувањето на јубилејот на компанијата Гентерм Македонија се совпаѓа со периодот во кој технолошките индустриски развојни зони продолжуваат да бидат еден од главните столбови за привлекување

Димовски: Гентерм е десетгодишен пример за успешно партнерство меѓу ТИРЗ и странските инвеститори | FinPortal.mk

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, денес присуствуваше на одбележувањето на десетгодишниот јубилеј од отворањето