29.10.2026 - Димко Митрев АД Велес - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Велешката компанија Димко Митрев АД Велес за периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година остварила нето добивка од 90 илјади денари, што е за 48 отсто помала во споредба со истиот период од претходната година, се наведува во образложението за остварените резултати објавено преку системот СЕИНет. Во пресметковниот период компанијата остварила вкупен приход од 197.543 илјади денари, што е за 11 отсто помалку во однос на истиот период во 2025 година. По структурата на застапеност во вкупните приходи, најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар со 95 отсто, приходите од домашниот пазар учествуваат со 2 отсто, а другите приходи со 3 отсто. Најголем дел од вкупните приходи се остварени од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз, кои редовно се наплаќаат. Вкупните расходи во периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година изнесуваат 197.453 илјади денари и се за 11 отсто помали во однос на истиот период во 2025 година. По структурата на застапеност во вкупните расходи, најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали со 110.513 илјади денари, кои се за 23 отсто поголеми во споредба со истиот период од претходната година. Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 58.968 илјади денари и се за 32 отсто помали во однос на истиот период во 2025 година, при што истите редовно се исплаќаат. Во пресметковниот период вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 39.274 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 19.694 илјади денари. Во овој период нема исплата на дивиденда. Позначајни промени во материјалните средства нема, освен зголемување на опремата во износ од 0,27 отсто во однос на последните ревидирани финансиски извештаи. Нема и позначајни промени во кредитните задолжувања, туку намалување од 1,32 отсто во однос на истиот период во 2025 година. Друштвото наведува дека нема обврска за објава на план во согласност со правилата за котација и соодветно на тоа нема коментар во тој дел од објавата.