Димитријевиќ: Славески го заташкува скандалот со Алта банка наместо да поднесе оставка
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеникот од опозицијата Димитријевиќ денеска го обвини гувернерот на Народната банка, Славески, дека наместо да поднесе оставка поради скандалот со Алта банка, се обидува да го заташка случајот и да го прикрие вистинскиот проблем со кој се соочуваат граѓаните. Според Димитријевиќ, Славески претходно барал граѓаните да не тужат, а потоа уверувал дека сè е во ред, за денес луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Димитријевиќ предупреди дека сега се најавува продажба на Алта банка на нов сопственик за нелогични рокови од само 10 дена. Тој постави прашање кој би сакал да купи банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во Европската Унија поради сомнеж за потеклото на капиталот. Според него, ниту една релевантна банка не би ја купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во моментов додека истрагата е во тек. Тој исто така предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци. „Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ, додавајќи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Димитријевиќ го отвори и прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски. „Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на зе