Димитриевски со 42 функционери и еден отсто доверба: „Македонија е мојата љубов“ по гласањето за Преспанскиот и Бугарскиот договор

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, ја води серијата панел-дискусии на партијата посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“. Партијата, која е дел од владејачкото мнозинство, пред граѓаните ги претставува своите достигнувања и ангажманот на избраните и именуваните функционери, нагласувајќи дека отчетноста е основен принцип на политичкото дејствување. Претседателот на ЗНАМ порача дека граѓаните имаат право да знаат што е реализирано во изминатите две години и кои обврски се исполнети. „Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“, истакна Димитриевски. Тој нагласи дека партијата подготвила посебна публикација во која е претставена работата на нејзините функционери. Како дел од резултатите, Димитриевски посочи повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, изградба и унапредување на патната инфраструктура, активности поврзани со Коридорите 8 и 10, како и линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Станува збор за политики и проекти на Владата во која учествува и ЗНАМ, но останува прашањето колкав е конкретниот придонес на партијата во нивното осмислување и реализација. Димитриевски порача дека зад бројките мора да стојат вистински резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните. „Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат“, рече лидерот на ЗНАМ. Особено внимание привлекува контрастот меѓу тврдењата за кадровската застапеност на ЗНАМ во институциите и ниската поддршка што, според наведените последни анкети, ја ужива партијата. Имено, се наведува дека ЗНАМ располага со дури 42 функционери и дека со нејзиното учество во власта се поврзуваат стотици вработувања, додека

Димитриевски со 42 функционери и еден отсто доверба: „Македонија е мојата љубов“ по гласањето за Преспанскиот и Бугарскиот договор | FinPortal.mk

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, ја води серијата панел-дискусии на партијата посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа.