Димитриевски бара лидерска средба со владините партнери: Правосудниот испит само на македонски, без отстапки без реципроцитет

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, изјави дека правосудниот испит треба да се полага исклучиво на македонски јазик и дека Македонија не смее да прави нови отстапки во врска со уставните измени без реципроцитет од Бугарија. Овој став тој го соопшти во гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија „Сител“, каде најави и дека ќе побара лидерска средба со владините партнери. Според Димитриевски, целта на средбата е отворено да се утврдат црвените линии на ЗНАМ. Тој нагласи дека прашањето за јазикот не смее да стане предмет на дневнополитички договори, бидејќи директно е поврзано со правосудниот систем и со уставниот поредок на државата. „Премиерот апсолутно го знае нашиот став. Подготвени сме за разговори, но ќе побарам лидерска средба со владините партнери за отворено да ги дефинираме црвените линии. Ова не е прашање за дневнополитичко надмудрување, туку прашање за иднината на државата и правосудниот систем. За ЗНАМ тука нема простор за импровизации и политички пазарења. Правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик“, истакна Димитриевски. Говорејќи за уставните измени и за европската интеграција, лидерот на ЗНАМ повтори дека партијата останува на предлогот за одложено дејство на уставните амандмани. Според него, европската перспектива не може да биде оправдување за еднострани отстапки на сметка на македонскиот јазик, идентитет и достоинство. „Ставот на ЗНАМ е јасен. Предлогот за одложено дејство на уставните амандмани е на маса, но не може Македонија постојано да прави отстапки, а од другата страна да нема ниту еден чекор кон почитување на правата на Македонците. Постојат пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Нека испочитуваат барем една од нив. Доста е Македонија да биде единствената страна од која постојано се бара да попушта. Ако сакаме да одиме напред, мора да има реципроцитет“, порача Димитриевски. Со оваа порака лидерот на ЗНАМ ја засили позицијата дека какви било отстапки во процесот н

Димитриевски бара лидерска средба со владините партнери: Правосудниот испит само на македонски, без отстапки без реципроцитет | FinPortal.mk

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, изјави дека правосудниот испит треба да се полага исклучиво на македонски јазик и дек