Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс ги усогласува проекциите со реалните економски движења, а не е само техничка корекција

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја почна седницата на која треба да се разгледаат повеќе од 120 амандмани за вториот ребаланс на Буџетот. Пред пратениците најпрво се обрати министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која изрази уверување дека расправата ќе биде конструктивна и заснована на аргументи. Како што рече Димитриеска-Кочоска, ребалансот не е само техничка корекција на буџетските ставки, туку и инструмент преку кој се земаат предвид најновите економски показатели и досегашното извршување на Буџетот, а истовремено се обезбедуваат средства за законските обврски и приоритетните потреби на граѓаните и институциите. Според неа, целта на Владата е Буџетот да остане реален, одржлив и развоен, а буџетската дисциплина не значи откажување од развојот, туку подобро поставување приоритети, поголема одговорност во трошењето и усогласување на обврските со расположливите средства. „Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, досегашната реализација и ефектите од мерките преземени во текот на годината. Ова е одговорен пристап во услови на неизвесност: да ги коригираме проекциите таму каде што реалноста го бара тоа, да ги намалиме расходите каде што има простор за рационализација, но истовремено да ги зачуваме средствата за законските обврски, здравствените услуги, социјалната заштита и приоритетните развојни проекти. Продолжуваме со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, образованието, животната средина, земјоделството, енергетската ефикасност и модернизацијата на јавните финансии, со поддршка од домашни и меѓународни финансиски извори. Очекувам дека во рамки на расправата ќе ги разгледаме предложените измени од аспект на нивната оправданост и потребата за одговорно извршување на Буџетот до крајот на годината. Верувам дека со усвојувањето на овие измени ќе обезбедиме стабилно финансирање на државните функции и ќе ја задржиме фискалната рамка во претходно утврдените граници“, п

Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс ги усогласува проекциите со реалните економски движења, а не е само техничка корекција | FinPortal.mk

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја почна седницата на која треба да се разгледаат повеќе од 120 амандмани за вториот ребаланс на Буџетот. Пред прат