Димитриеска-Кочоска: Одговорноста за надзорот над банките е на Народната банка, не на Министерството за финансии
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет изјави дека во случајот со Алта банка Битола мора да се прави јасна разлика меѓу фактите и политичките интерпретации, меѓу документите и претпоставките, како и меѓу институционалната одговорност и политичките конструкции. Таа пред пратениците порача дека во изминатите денови во јавноста биле изнесени бројни тврдења и обвинувања за наводна вмешаност на Министерството за финансии во случајот, но оцени дека одговорноста треба да се утврдува врз основа на законите, документите и конкретните постапки, а не преку политички изјави. Според министерката, институционалната одговорност не се утврдува според гласноста на обвинувањата, туку врз основа на законските надлежности и доказите. Димитриеска-Кочоска нагласи дека Министерството за финансии е подготвено да одговори на сите прашања што се во рамките на неговите законски надлежности и да ги презентира релевантните информации и документи. Таа оцени дека надзорната расправа е можност клучните прашања за Алта банка Битола да бидат отворени и фактите транспарентно да им бидат претставени на пратениците и на јавноста. Осврнувајќи се на институционалните надлежности, министерката посочи дека Министерството за финансии и Народната банка имаат различни, законски дефинирани улоги во финансискиот систем. Како што објасни, Министерството за финансии е одговорно за управувањето со јавните финансии, за водењето на фискалната политика, за фискалната стабилност и за одржливоста на јавниот долг, како и за обезбедувањето предвидливо и сигурно финансирање на буџетските обврски. Во областа на финансискиот систем, Министерството за финансии подготвува и предлага законска регулатива, вклучително и за банкарскиот сектор, учествува во креирањето политики и ги оценува макроекономските состојби и потенцијалните фискални последици од евентуални финансиски кризи. Од друга страна, како што нагласи Димитриеска-Кочоска, н