Димитриеска-Кочоска: Можен нов ребаланс на Буџетот, се прават анализи

FinPortal.mk · 14.9.2026 г.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска не ја исклучи можноста до крајот на годинава да има нов ребаланс на Буџетот, потврдувајќи дека во Министерството за финансии во моментов се прават анализи врз основа на кои ќе се донесе одлука дали државата ќе оди со пренамена на средства или со нов ребаланс. Изјавата министерката ја даде одговарајќи на прашања на новинарите за време на посетата на граничниот премин „Табановце“. Димитриеска-Кочоска потсети дека во времето кога бил носен ребалансот на Буџетот во јули годинава, не можеле да се предвидат настаните што следеле, односно зголемувањето на кризата во Заливот и влијанието врз цените на енергентите. Според неа, овие ситуации не биле соодветно планирани во ребалансот, имајќи предвид дека во периодот кога тој бил подготвуван состојбите биле помирни и не се очекувало дека можеби повторно ќе одат во сегашната, заострувачка насока. „Сега ги разгледуваме состојбите во Министерството за финансии, па ќе носиме одлука дали ќе одиме само со пренамена или ќе одиме со ребаланс на Буџетот“, рече министерката за финансии. Таа нагласи дека состојбата кај акцизите се следи и дека до крајот на неделата ќе има состанок со Царинската управа и со Управата за јавни приходи, а врз основа и на нивните согледувања ќе се носи одлука дали ќе има нов ребаланс или ќе се оди со пренамена на средства. На прашањето дали има пореметувања во Буџетот, колку државната каса може да ја издржи кризата и дали има простор да се носат и други мерки, Димитриеска-Кочоска рече дека приоритет на Владата се граѓаните и максимална заштита на граѓаните, а во исто време и на стопанството. „Секоја наша реакција што ја правиме и мерките ги носиме се со цел граѓаните да живеат подобро и тоа ќе остане и понатаму“, рече таа. Министерката посочи дека податоците со 10 септември покажуваат дека Буџетот се полни согласно планираното, иако, како што наведе, во делот на акцизите има одредени отстапувања. „Меѓутоа, кај увозните давачки има раст од околу 10 от

Димитриеска-Кочоска: Можен нов ребаланс на Буџетот, се прават анализи | FinPortal.mk

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска не ја исклучи можноста до крајот на годинава да има нов ребаланс на Буџетот, потврдувајќи дека во М