Дигиталните вештини и готовината ја кочат е-трговијата во Македонија

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонија се соочува со сериозни предизвици во развојот на е-трговијата, меѓу кои ниското ниво на дигитални вештини, високата сива економија, недоволната доверба во онлајн купувањето и доминацијата на готовинските плаќања. Ова го истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија, Нина Ангеловска, пред почетокот на денешното 9. издание на Регионалната конференција за е-трговија, пренесува Независен. Според Ангеловска, регионот мора паралелно да работи на надминување на слабостите и да ги следи новите технолошки трендови. „Додека светот зборува за AI-агенти, хиперперсонализација и автоматизирана е-трговија, ние во регионот сè уште се соочуваме со некои основни предизвици. На пример, сè уште имаме ниско ниво на дигитални вештини околу 31 процент во споредба со 64 проценти во Европската Унија. Посебно кај напредните дигитални вештини процентот е уште помал. Македонија е на најниско ниво во регионот, со само седум проценти. Покрај тоа, имаме високо ниво на сива економија, недоволна доверба во онлајн купувањето, на која треба да работиме, како и доминација на готовинските плаќања во трговијата“, изјави Ангеловска. Таа нагласи дека развојот на е-трговијата не може да чека целосно да се надминат постојните проблеми, туку е потребно истовремено вложување во дигиталните вештини, довербата на потрошувачите и примената на новите технологии. „Не можеме да чекаме прво да ги решиме сите основни проблеми, па дури потоа да се занимаваме со иднината“, рече Ангеловска. Податоците на Асоцијацијата за е-трговија покажуваат дека сè уште доминираат готовинските плаќања и дека генерално повеќе од 50 проценти од трансакциите се во корист на домашните трговци, што според Ангеловска е позитивен показател. Сепак, со растот на глобалните платформи се зголемува и учеството на странските трговци, односно бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички кон странство. Според последните податоци на Народната банка, вкупната вредност на реализираните електронски трансакции

Дигиталните вештини и готовината ја кочат е-трговијата во Македонија | FinPortal.mk

Македонија се соочува со сериозни предизвици во развојот на е-трговијата, меѓу кои ниското ниво на дигитални вештини, високата сива економија, недоволната довер