Дигиталната лична карта сè уште не важи пред полицијата, Андоновски најавува законски измени

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерството за дигитална трансформација вчера ја промовираше мобилната апликација „м.Услуги“ (m.Uslugi), која на граѓаните им овозможува мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи, но дигиталната лична карта и дигиталната возачка дозвола засега нема да важат пред државните органи. Тоа практично значи дека полицијата нема да ги признава овие дигитални документи, туку граѓаните и понатаму ќе мораат да ги носат со себе и пластичните документи. „Ако полиција ве застане да ве легитимира и ви побара лична карта или возачка дозвола, ќе мора да ги приложите пластичните документи. Потребни се измени на закон и правилници, но се работи на тоа. Дотогаш носете си ги со вас и пластичните документи“, изјави за медиумите министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според она што беше претставено при промоцијата, апликацијата е замислена како единствен мобилен пристап до дигиталната држава — со дигитален идентитет, електронски документи, јавни услуги и известувања на едно место, а во следните фази се предвидува и интегрирање на плаќања. Апликацијата е бесплатна и нејзиното користење е целосно доброволно. Од Министерството за дигитална трансформација објаснуваат дека апликацијата претставува дополнителен, побрз и поедноставен канал за пристап до јавните услуги и електронските документи, без притоа да ги укинува останатите начини на кои граѓаните можат да комуницираат со институциите. Целта, како што беше наведено, е секој граѓанин кој сака да ги користи придобивките од дигиталните услуги да може тоа да го направи едноставно и без дополнителен трошок. Сепак, клучната практична последица од вчерашната промоција е дека дигиталните документи во моментов немаат правна тежина пред органите на прогонот. За да може дигиталната лична карта и дигиталната возачка дозвола да бидат признаени при легитимирање, неопходно е најпрво да се усвојат законски измени и да се донесат соодветни правилници, по што ќе биде овозможено нивно формално признавање. Мини

Дигиталната лична карта сè уште не важи пред полицијата, Андоновски најавува законски измени | FinPortal.mk

Министерството за дигитална трансформација вчера ја промовираше мобилната апликација „м.Услуги“ (m.Uslugi), која на граѓаните им овозможува мобилен пристап до д