Дигитализацијата веќе не е избор, туку услов за опстанок на домашните компании, порача Ристески на индустриската конференција во Скопје

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Дигитализацијата и воведувањето иновации во производствените капацитети повеќе не се само прашање на конкурентска предност, туку неопходен услов за опстанок, раст и настап на меѓународниот пазар. Ова го истакна заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, на годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“, која се одржа во рамките на Меѓународниот саем за техника, технологија, енергетика и иновации „Енерго технома“ 2026. Според Ристески, технолошкиот напредок и неговата примена во компаниите ја прават дигитализацијата неизбежна за развој на бизнисите. „Ваквите саеми се уште едно потсетување за времињата во кои живееме, за технолошкиот напредок во светот и за компаниите кои го користат во нивното функционирање. Ние повеќе не говориме за потребата од дигитализација и воведување иновации во производствените капацитети, туку за нивната неопходност со цел компаниите да опстанат, да растат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар“, рече тој. Заменик-министерот се осврна и на поддршката што Владата и Министерството за економија и труд им ја обезбедуваат на домашните компании за нивната дигитална трансформација, како и за развој и воведување иновативни технолошки процеси со цел зголемување на конкурентноста на меѓународните пазари. Според него, стратешка цел е јавната поддршка да се насочува кон мерки што создаваат долгорочна вредност за компаниите и за економијата, со цел домашните бизниси да станат посилни, помодерни и подобро подготвени за настап на европските и светските пазари. Конференцијата ги обедини претставниците на индустријата, институциите и експертската јавност за дискусија за дигиталната трансформација, иновациите и зајакнувањето на конкурентноста на македонското производство. Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ ја организираа Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновацис

Дигитализацијата веќе не е избор, туку услов за опстанок на домашните компании, порача Ристески на индустриската конференција во Скопје | FinPortal.mk

Дигитализацијата и воведувањето иновации во производствените капацитети повеќе не се само прашање на конкурентска предност, туку неопходен услов за опстанок, ра