Дигитализацијата не ја решава корупцијата, но го стеснува просторот за злоупотреби, вели Андоновски

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Дигитализацијата сама по себе не е решение за високата корупција, за чие сузбивање се задолжени други институции, но може да го олесни и забрза работењето на администрацијата, да ја зголеми транспарентноста и да го намали просторот за произволно одлучување. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој денеска пред компаниите членки на Стопанската комора ги презентираше достапните дигитални услуги, решенија и можности што им стојат на располагање на компаниите. Според Андоновски, ефектите од дигитализацијата особено можат да дојдат до израз кај помалите случаи на корупција, преку автоматизирање на административните постапки и намалување на директниот контакт меѓу граѓаните и службениците. Тој посочи дека многу од секојдневните административни постапки со кои се соочуваат граѓаните можат да се поедностават преку дигитални решенија и автоматизација, меѓу кои ги наведе постапките поврзани со државјанството, издавањето изводи од матичните книги, запишувањето деца во градинка и други услуги што бараат комуникација со повеќе институции. Кога станува збор за буџетот и за работата на институциите, министерот оцени дека дигитализацијата овозможува поголема ефикасност, транспарентност и контрола на процесите, со што постапките можат да се завршуваат побрзо и поправедно. Тој нагласи дека пред институциите претстои уште многу работа за унапредување на процесите, при што треба да се земат предвид и искуствата на државите што веќе применуваат целосно дигитализирани и безбедни решенија. „Имаме уште многу работа пред нас и многу процеси што треба да ги унапредиме. Сакам да отворам и прашања поврзани со искуствата од странство, каде што веќе постојат целосно дигитализирани и безбедни решенија. Еден таков пример е мобилната апликација, која овозможува полесен пристап до електронските услуги и документи“, рече Андоновски. Осврнувајќи се на технолошкиот развој, министерот за дигитална трансформација посочи дека промените се случуваат постојано, а особено

Дигитализацијата не ја решава корупцијата, но го стеснува просторот за злоупотреби, вели Андоновски | FinPortal.mk

Дигитализацијата сама по себе не е решение за високата корупција, за чие сузбивање се задолжени други институции, но може да го олесни и забрза работењето на ад