Дигитален идентитет за влез во пабови и барови — новите закони дозволуваат биометриско скенирање
FinPortal.mk · 15.9.2026 г.
Новите закони што стапуваат во сила оваа недела во Англија и Велс им даваат право на пабовите, продавниците за алкохол, ноќните клубови и рестораните да користат биометриска технологија за скенирање при проверка на возраста на клиентите. Помладите посетители ќе можат да ја докажат својата возраст со дигитален идентитет, соопштија надлежните, пренесува The Guardian. Системот функционира така што клиентите преземаат софтвер во сопствениот телефон кој го скенира нивното лице и генерира QR-код што ја потврдува возраста врз основа на претходно внесен доказ за возраст. Меѓу технологиите што се разгледуваат како дел од владината иницијатива за дигитализација на проверката на возраст при продажба на алкохол е и уред што ги скенира вените на прстот на клиентот. Тој систем сè уште не е одобрен за употреба. Дигиталниот идентитет во овој случај го обезбедуваат приватни компании и тој нема да биде задолжителен. Пластичните возачки дозволи и пасошите и понатаму ќе бидат прифатени, што значи дека старата практика со лажни документи за идентификација можеби нема целосно да исчезне. Системот подоцна би можел да се прошири и на купување на вејпови и тутун. Стефани Пикок, министерка за дигитална власт, изјави дека оваа промена во законот значи дека нема да биде потребно носење физички документ за идентификација, ниту пак предавање на чувствителни лични податоци како име или адреса само за да се докаже возраста, што, како што рече, им овозможува на сите да се чувствуваат побезбедно при излегување. Владата смета дека новиот систем ќе ја намали ефективноста на фалсификуваните документи и ризикот од изложување на чувствителни податоци кога клиентите треба да покажат пасош или возачка дозвола на кои се видливи име и домашна адреса. Различни компании ги доставуваат апликациите, меѓу кои Yoti и Luciditi. Клиентот вообичаено има само околу 30 секунди помеѓу скенирањето на лицето на телефон и валидацијата на податоците кај продавачот, со цел да се спречи малолетни лица да позајмуваат телефони