Diamond Mall го слави третиот роденден со нови брендови, музички спектакл и центар за економски зајакнување на жените
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Скопскиот трговски центар Diamond Mall го одбележува својот трет роденден со богата програма за посетителите, проширување на комерцијалната понуда со нови брендови и концепти, како и со лансирање на нова општествено одговорна иницијатива насочена кон економскиот развој на жените. Централниот настан во роденденската програма ќе биде голем музички спектакл со настапи на Петар Грашо и Јелена Розга, а прославата е замислена како спој на музика, забава и дружење. Според соопштението, целта на прославата е да го одрази концептот што Diamond Mall го развива уште од своето отворање – да биде повеќе од место за купување и да создава различни искуства за посетителите. „Кога пред три години го отворивме Diamond Mall, нашата амбиција беше да создадеме многу повеќе од трговски центар. Сакавме ова да биде место кое ќе живее со градот и со луѓето – место за средби, нови искуства, добра храна, забава и време поминато заедно. Денес, по три години, продолжуваме да се развиваме токму во таа насока, следејќи ги навиките и очекувањата на нашите посетители“, изјави Селин Анил Октај, директорка за управување со имот во Лимак Скопје. Третиот роденден Diamond Mall го одбележува и со нова општествено одговорна иницијатива – Diamond HUB, Центар за економско зајакнување на жените. Програмата е насочена кон жени кои сакаат да стекнат практични знаења и вештини, да добијат менторство и поддршка и да направат конкретен чекор кон поголема економска независност и професионален развој. „За нас, третиот роденден не е само повод за прослава, туку и можност да создадеме нешто што ќе има подолгорочна вредност. Посебно сме горди што токму во овој период го започнавме Diamond HUB, затоа што веруваме дека улогата на еден голем деловен субјект не завршува само со она што го нуди на своите посетители, туку и со придонесот што го дава кон заедницата“, додаде Октај. Паралелно со развојот на новите иницијативи, Diamond Mall продолжува да ја проширува и својата комерцијална и забавна понуда. Во изминатиот период