Демократски сојуз: Извештајот на Европската комисија е поттик за нов реформски циклус, но потребни се суштински промени во правосудството

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Демократскиот сојуз го поздрави Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2026 година, особено позитивните оценки и констатираниот напредок во спроведувањето на реформската агенда и усогласувањето со европското законодавство. Од партијата оценуваат дека Извештајот претставува важна основа и дополнителен поттик за продолжување и продлабочување на европскиот реформски процес. Истовремено, од Демократскиот сојуз укажуваат дека Извештајот јасно покажува оти владеењето на правото, независноста и ефикасноста на судството и борбата против корупцијата остануваат области во кои се неопходни натамошни суштински промени. Според партијата, позитивните оценки треба да бидат дополнителен поттик за продолжување на реформските процеси, но покрај усогласувањето на националното законодавство со европското, од особено значење е доследната примена на законите, јакнењето на институционалните капацитети и постигнувањето конкретни и видливи резултати во функционирањето на правната држава. Во таа насока, Демократскиот сојуз предлага темелна реформа на судскиот систем со воспоставување независно, професионално, ефикасно и одговорно судство, ослободено од политички и бизнис-влијанија. Од партијата сметаат дека е потребно преиспитување на постојниот модел на избор и мандат на судиите, вклучително и воведување ограничен мандат од седум години, со соодветни уставни и законски гаранции за независноста и професионалноста во вршењето на судиската функција. Покрај тоа, Демократскиот сојуз предлага донесување посебен закон за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, со јасно дефинирани надлежности, специјализирани истражни и обвинителски капацитети, ефикасни механизми за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнатиот имот. Според партијата, законот треба да обезбеди ефикасно гонење на организираниот криминал, корупцијата на високо ниво и злоупотребите на јавните функции, без селективност и политички калкулации. Од Демократскио

Демократски сојуз: Извештајот на Европската комисија е поттик за нов реформски циклус, но потребни се суштински промени во правосудството | FinPortal.mk

Демократскиот сојуз го поздрави Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2026 година, особено позитивните оценки и кон