Дембеле го посочи Кварацкелија за најдобар на светот и порача дека ја заслужува „Златната топка
FinPortal.mk · 19.9.2026 г.
Францускиот фудбалер Осман Дембеле повторно ја разбранува јавноста со изјава која француските медиуми ја толкуваат како нова индиректна порака до капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе. На прашањето кој е најдобриот фудбалер во светот, крилниот напаѓач не се двоумел и одговорил дека тоа е Квича Кварацкелија. Дембеле не застанал тука, туку додал дека би бил пресреќен доколку Квара ја освои „Златната топка“, бидејќи, како што истакнал, тој целосно го заслужува тоа признание. Француските новинари и фудбалските фанови сметаат дека ова е нова порака од Дембеле до Мбапе, иако овојпат тој не го спомнал директно неговото име. Вербалната пресметка меѓу двајцата репрезентативци започна со интервјуто на Килијан Мбапе за „Франс Фудбал“, во кое тој зборуваше за својата кандидатура за „Златната топка“ и го спореди својот пат со оној на Дембеле. За минатогодишниот освојувач на наградата, Мбапе изјави дека отсекогаш бил сметан за голем талент, додека за себе истакна дека уште од почетокот бил „избраниот“ фудбалер. „Дембеле? Отсекогаш се сметаше дека е талентиран фудбалер. Јас, од друга страна, отсекогаш бев гледан како избраниот. Многу рано стигнав до врвот. Осман имаше поинаков пат, обележан со повреди, но успеа да се врати“, изјави тогаш Мбапе. Токму зборот „избраниот“ стана причина за нова вербална пресметка меѓу двајцата фудбалери. По победата на ПСЖ против Брест, Дембеле беше прашан за трката за „Златната топка“, а неговиот одговор очигледно беше упатен кон зборовите на Мбапе. „Знаете, јас отсекогаш бев на крајот од одделението и морав напорно да работам. Во текот на целата кариера не зборував многу, туку работев неверојатно напорно. Како што реков, никогаш не бев избраниот. Но, работев навистина многу“, порача Дембеле. Француските медиуми го пренесоа неговиот одговор, а „Л’Екип“ и „РМЦ Спорт“ наведуваат дека изјавата предизвикала реакција во опкружувањето на Мбапе. Коментаторот и поранешен француски репрезентативец Жером Ротен предупреди дека ситуацијата би мо