Дефицитот расте за тековни расходи, а не за капитални инвестиции, предупредуваат финансиските експерти
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Последните единаесет години покажуваат јасна слика дека ветувањето дека буџетскиот дефицит се користи исклучиво за капитални трошоци не е исполнето, а во последните три години јазот помеѓу дефицитот и капиталните расходи повторно се продлабочува. Според анализата на Кире Наумов, објавена на 29 октомври 2026 година, дефицитот во буџетот во голема мера се создава за тековни расходи, а не за развојни проекти, што значи дека државата се задолжува за секојдневно функционирање наместо за инвестиции. Наумов потсетува дека секој министер за финансии, кога одлучува колку повеќе ќе направи расходи од приходи во буџетот, носи и одлука од каде ќе го покрие тој минус, односно дефицит. Можно е да покрие дел од депозитите на државата доколку постојат, но пред сè тоа се прави со ново задолжување. Така доаѓаме до тоа дека е важно за што се користи дефицитот во буџетот кој креира нови задолжувања. За оправдување на ова, како што наведува тој, имаме забетонирана реченица во експозето на предлагачот на секој нов буџет дека тој е развоен и дека дефицитот се користи само за капитални трошоци. Од анализата може да се издвојат три периоди кои посебно се третираат. Периодот од 2016 до 2019 година е период кој можеби го исполнува правилото – дефицит за капитални. Во тој период од четири години тие се речиси изедначени, а кумулативно дури капиталните трошоци се за 140 милиони евра повисоки од дефицитите. Следува период од четири години, од 2020 до 2023 година, кога ковид кризата и енергетската криза прават огромен дебаланс во корист на дефицитите. Само во 2020 година дефицитот е за над 600 милиони евра поголем од капиталните трошоци. Кумулативно, во овие четири години дефицитот ги надминува капиталните расходи за речиси 950 милиони евра. Сепак, во 2023 година тие се изедначуваат, па дури и се повисоки од дефицитот за 30 милиони евра. Последните три години, од 2024 до 2026 година, беа години во кои се очекуваше дека е можно да се вратиме на непишаното правило – дефицит за капитални. Сепак, сли