Децата од „Мајски цвет“ учеа и се забавуваа со „Светот на Биби

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во градинката „Мајски цвет“ се одржа едукативно дружење со „Светот на Биби“, на кое најмалите пееја песнички, учествуваа во активности и учеа од содржините на оваа образовна програма на начин близок до нивната возраст и интереси. Дружењето се одржа во рамките на Светската недела на детето, која се одбележува во првата седмица од октомври, како повод дополнително да се стави фокус на создавањето средина во која децата можат слободно да учат, да се развиваат и да ги откриваат своите потенцијали. Дружењето го водеше Златица Апостолов, едукатор од „Светот на Биби“, преку активности од Бибиверзумот — образовна програма која преку игра, цртани филмови и песнички им помага на децата да стекнуваат нови знаења и вештини. Преку интерактивните активности, децата имаа можност да истражуваат, да поставуваат прашања и да учат на начин кој им е близок и интересен. Дека најубаво се учи кога е забавно, покажаа и насмевките и шегите кои ја исполнија градинката. Активностите беа приспособени на возраста на најмалите, со простор секое дете да се вклучи, да ја изрази својата љубопитност и да предложи сопствени идеи. Ваквиот пристап е дел од начинот на кој е осмислен Бибиверзумот, каде што децата се поттикнуваат да размислуваат, да откриваат, да комуницираат и да учат од сопственото искуство. Преку играта, приказните и интеракцијата, учењето може да биде природен дел од нивното секојдневие. Дружењето заврши со уште едно изненадување за децата — мали подароци од „Светот на Биби“. А можностите за игра и учење ќе продолжат и во секојдневните активности во градинката, која неодамна доби сликовници, книги со активности и друштвени игри, соодветни за сите возрасни групи. Преку нив децата ќе можат да откриваат нови приказни, да решаваат задачи, да играат заедно и да учат. „Светот на Биби“ е македонски проект кој денес е присутен во повеќе земји од Балканот — Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, како и во Италија. Преку анимирани приказни, песнички, книги

Децата од „Мајски цвет“ учеа и се забавуваа со „Светот на Биби | FinPortal.mk

Во градинката „Мајски цвет“ се одржа едукативно дружење со „Светот на Биби“, на кое најмалите пееја песнички, учествуваа во активности и учеа од содржините на о